„Дипломатски летопис“ посветен на претседателот Глигоров

 

 Охрид, 24 јули 2018  

Тематски број на списанието „Дипломатски летопис“ што го издава Дипломатскиот клуб од Скопје е посветен на 25 годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации, а во тој контекст и за придонесот на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров. Списанието веќе е излезено од печат.

qw01Во таа смисла, списанието го пренесува говорот на претседателот Глигоров на седницата на Генералното собрание на обединетите нации, на 8 април 1993 година,подвлекувајќи ги неговите зборови: “Приемот на Република Македонија во меѓународното семејство на народите, е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ, по мирен и легитимен пат, го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во меѓународната заедница”.

На страниците на списанието може да се најде и промотивната реч на Ахил Тунте, советник и долгогодишен соработник на Глигоров , а по повод Зборникот “ За и од Киро Глигоров”. Тунте, меѓу другото, разјаснува дека формулацијата привремено решение во врска со референцата, е на тогашниот генерален секретар Бутрос Гали, а не на Киро Глигоров.

Покрај на Киро Глигоров овој број е посветен и на 25 годишнината од приемот на Република Македонија во ООН…

– ОН, меѓу другото, ја презедоа медијаторската улога за разрешување на постојаната разлика во спорот, наметнат од грчка страна, околу името на нашата земја. Приемот беше настан за паметење – отворање нова страница на вековната македонска историја, нејзин дефинитивен премин од состојбата на објект во состојба на субјект во меѓународните односи. Се наметнува прашаењето: како ќе изгледаа изминативе 25 години, ако останевме надвород ОН – пишува Ахил Тунте.

Главниот и одговорен уредник на “Дипломатски летопис”, Драган Јањатов,  открива дека на 27 август во Охрид, во соработка со МАНУ, ќе се организира чествување и промоција на Зборникот на трудови “ За и од Киро Глигоров” од Научната конференција по повод 100 годишнината од раѓањето на Глигоров..

Во списанието, за  книгата “Од обејкт до субјект: Македонија во меѓународните односи”, на дипломатот од кариера, амбасадорот Виктор Габер, пишува промоторот, професор д-р Ирена Стефоска.

Во рубриката “Настани”, “Летописот” го пренесува обраќањетѕо на министерот за надворешни работи Никола Димитров,по повод  Денот на МНР -29 април.

Рубриката “Чествување”, пак, го пренесува освртот на Драган Јањатов: “Дипломатскиот аспсект на просветителските мисии на браќата Кирили Методиј”.

Рубриката “Од дипломатскиот бележник” ја пополнува Д-р Коста Балабанов, со вториот дел од освртот: “Половина век македонско –јапонски врски и односи”.

Гости – надворешни соработници во овој број се Даниела Баришиќ, амбасадор на Република Хрватска, која пишува за истоветниот јубилеј – 25 години од приемот на Хрватска во ОН, додека текстот на постојаниот координатор на ОН во Скопје, Луиза Винтон, носи наслов: “Никој да не биде изоставен”.

Амбасадорот Д-р Ѓорѓи Филипов,објавува поводен текст 25 годишнината од  зачленувањето на Република Македонија во Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), помошникот директор во МНР Сања Зогравска за “Целите на одржлив развој во системот на ОН”, Аделина Марку, директор на Дипломатската акдемија во МНР, за аспектите на културната дипломатија, додека д-р Гроздан Цветскоски за “Комплиментарноста помеѓу дипломатијата и разузнавањето“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе