Свети Николе, 12.12.2019
Со стихови напишани од Державин во 1795 година, и со пригодни говори, во кругот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ денес беше откриена бистата на рускиот поет Державин, чие име го носи Универзитетот, а кој бил најголем руски поет пред појавата на Пушкин. Бистата ја откри Виктор Диаков, од Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
Диаков Ѓорчев
Со свои говори се обратија и проф. д-р Јордан Ѓорчев, основач на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и ректорката на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ проф. д-р Ленче Петреска. Со пригодно писмо настанот го поздрави заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, која поради службени обврски иако најавена сепак не стигна да присуствува на настанот.
-Дозволете да изразам лична благодарност за поканата да присуствувам на денешниот настан на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и заедно да ја откриеме бистата на личноста, на поетот и државник Державин чие име го носи оваа високо образовна установа. Тоаа име треба да се чествува бидејќи има голема заслуга за развој на литературното творештво во глобални размери.
Проф.д-р Ленче Петреска, ректор
Истовремено сакам да ви го честитам јубилејот 15 години од основањето на универзитетот, да ви честитам на сите досегашни успеси и успешно изградени генерации на студенти, научници, истражувачи кои се веќе интегрирани во општествените дејности и даваат свој придонес кон нивниот развој, развојот на овој регион, но и кон развојот на државата во целост. И секако, да Ви посакам успех во понатамошното работење и уште многу нови генерации, многу нови конференции и настани со кои ќе продолжите да ја зголемувате репутацијата на високо образовната установа, со желби и натаму да се етаблирате како еден од столбовите на високо образовниот систем во земјата. Уверувам дека поддршката од МОН ќе продолжи и во периодот што следи, било дали се работи за логистичка поддршка при организација на научни конференции, било дали се работи за финансиска поддршка на научниците и секако на студентите кои студираат овде и како и сите останати во земјата имаат право на стипендија која ја доделуваме. Со овие зборови Наумовска им се пбрати на присутните.
Во рамките на денешните убави настани на Славјански беше одржана промоција на делото „Дигести“ – Јустинијан, преведено од латински јазик од проф. д-р Даниела Тошева. Издавањето на делото е поддржано од Министерството за култура на нашата дрржава. Делото го промовира проф. д-р Весна Томовска од Филозофки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Римскиот цар Јустинијан I (527-565 г.) бил еден од најенергичните владетели, кој се покажал амбициозен во повеќе области. Но едно од неговите најзначајни достигнувања, со кое се зафаќа набргу штом доаѓа на власт, се однесува на систематското реконструирање и консолидирање на римското право, како и трансформирање на правното образование. Тој зафат претставувал долготрајната работа на правниците, а како резултат бил издаден првиот кодекс, кој подоцна (во XVI век) го добил името Збирката на граѓанско право (Corpus iuris civilis). Дигести е само еден дел од Збирката на граѓанско право, но можеби најзначајниот и секако најобемниот, кој содржи педесет книги.
Во оваа книга насловена Дигести се опфатени книга 23 и 24, односно оние книги во кои директно се обработува брачното право. Според тоа, содржината на оваа книга претставува првичен извор за изучување не само на бракот и брачното право во антиката, туку и на правната положба на жените во антиката.