ШТИП: Дела од ликовната колонија „Јоаким Осоговски“ пред штипјани

Штип, 11.12.2019

Центарот за култура „Ацо Шопов“ денес на штипјани, љубители на сликарството, им приреди уште едно убаво клтурно и уметничко уживање. Во изложбениот салон беше отворена изложба на слики од ликовната колонија „Јоаким Осоговски“ од Крива Паланка.

На изложбата се претставени дваесеттина слики создадени за време на колонијата која траела една недела во месец септември, а уметниците создавале нови дела во манастирот „Јоаќим Осоговоски“.

cc02_800x600-Колонијата го носи името на светецот, годинава имавме уметници од Бугарија, Турција, Србија и од нашата држава, таа се одржуваше под наслов „Балкански пријателства“. Вкупно шестмина уметници создадоа поголем број уметнички дела од кои по две оставија за збирката на колонијата и за манастирот, рече Јордан Михајловски, координатор на оваа ликовна колонија.

Уметниците работеа во омилените техники масло на платно, акрил и комбинирана техника.

Изложбата во Штип е поставена во изложбениот салон при Домот на култура „Ацо Шопов“ и ќе може да се види во наредните десеттина дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе