Свети Николе, 06.12.2020
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола продолжува со својата политика на поврзување на меѓународен план со универзитети и научно-образовни инситути во светот. Деновиве Славјански потпиша договор за соработка со Самаркандски институт од Самрканд, Узбекистан, град кој се наоѓа на Патот на свилата помеѓу Кина и западниот свет.
Потписник на договорот од страна на Славјански е ректорката Ленче Петреска која за istokpress.mk изјави:
-Минатата есен во Самарканд се одржа Меѓународна конференција под наслов „Меѓународна академска соработка: проблеми и перспективи“. Таму имавме средба претставници на шест универзитети од разни држави при што договаравме промоција и развој преку директна соработка помеѓу партнерските програми со цел обезбедување прогрес во поврзувањето на студентите. Тоа подразбира размена на студенти, прилагодување на програми, заеднички истражувања на полето на науката, реципроцитет на посета на студенти и професори, а се со цел да имаме размена на искуства и информации во однос на програмите. Се договоривме да работиме на изготвување дупли дипломи во програмите, рече ректорката Петреска.
Делегацијата на Славјански во Самарканд беше преку својот партнерски Тамбовски универзитет од Тамбовск, Русија.