САШКО НИКОЛОВ упати апел до компаниите за создавање фонд за бесплатни маски за сите жители на Општина Штип

Штип, 07.12.2020

Канидатот за градоначалник на Штип oд редовите на СДСМ и коалицијата д-р Сашко Николов, денес на прес конференција ја промовира својата идеја за создавање добротворен фонд од кој ќе се обезбедат бесплатни маски за сите жители на општина Штип.

-Во време на сериозна пандемија локалната власт во Штип сите капацитети го става во функција во борбата против коронавирусот. Како доктор и лично сведочам на натчовечките напори кои ги прават моите колеги во борбата против невидливиот непријател.

Здраствените работници не можат сами, без поддршката од граѓаните и сите општествени чинители. Потребно е секој еден граѓанин доследно да ги почитува мерките за заштита, а како општина имаме обврска да создадеме услови за тоа.

Како доктор и како иден градоначалник на Штип,почитувајќи ги моралните и етички вредности , се обврзувам да направам сé јавното здравје да е ВО СИГУРНИ РАЦЕ.

Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани.

Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска.

Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори.

Кризниот штаб ќе продолжи со редовна и навремена дезинфекција на сите јавни установи кои се под надлежност на општината, како и редовни состаноци и средби за координирање на сите јавни институции и ЈП кои се инволвирани борбата со пандемијата предизвикана од Ковид 19, рече Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе