Штип, 23.11.2017
Ефтината енергија која го движи светот е приоритет и за штипските стопанственици. На денешниот состанок во организација на Регионалната стопанска комора, луѓето од бизнис заедницата побараа побрза реализација на гасоводниот систем за стопанството да добие поефтин енергенс за да може да биде конкурентно во меѓународната конкуренција. Второто барање е во однос на работната сила која се повеќе недостасува и во овој град.
-Работиме на тоа гасот што побргу да го ставиме во функција на стопанството но и на институциите и граѓаните. Впрочем, тоа е дел и од нашето предизборно вретување. Работиме на тоа поле зашто нашите пресметки говорат дека гасот ќе овозможи помали енергетски трошоци за стопанството од 50 до 70 проценти. Во Штип гасот ќе биде поефтин и од Струмица зашто таму се носи со возила, а кај нас ќе доаѓа преку гасоводен систем, ги информираше стопанствениците градоначалникот Благој Бочварски.
Стопанствениците побараа да се даде законска можност работникот, по завршување на 8 часовниот работен ден, да може да работи во друга фирма два до четири часа, за што би му било платено, а целата процедура да се поедностави..
Присутните забележија дека штипското стопанство се соочува со дефицит од работна сила. Тие побараа да се даде законска можност работникот по завршување на работниот ден со 8 часовно работно време, да може да работи во друга фирма два до четири часа. Беше укажано на комплицираните законски регулативи, а беше побарано работниците да можат да се се селат од една во друга фирма каде ќе работат хонорарно со само еден лист хартија пријава-одјава.
-Стопанската комора влегува во проект со УСАИД за носење на закон за практиканти. Имаме многу млади кои работните вештини можат да ги стекна преку практична работа во стопанството за што би им се плаќало.. Цениме дека тоа ќе им помогне на фирмите да се здобијат со нова, млада, а плус тоа и квалификувана работна сила. Ова го потенцира Љупка Самарџиска од Стопанската комора на Македонија.
Стопанствениците побараа при носењето закони кои се однесуваат на регулативите во стопанската сфера да учествуваат и луѓе од бизнис заедницата.