Дејан Вапски, менаџер во Хрватска, доби признание за најдобар стопанственик-за себе и својата фирма – КНАУФ

Во Хрватска се доделение најпрестижните,  традиционални годишни награди (признаниа) на најдобрите менаџери  и стопански субјекти (компании), кои ги  доделува Стопанска комора на Хрватска.

23898010_10212414652933856_1774057292_nНаградата за Шибенско – книнската жупанија, годинава отиде во рацете на еден менаџер-Македонец, дебарчанецот Дејан Вапски.

Добитник на признанието „Златна куна“ за 2016 година е компанијата (фабриката) „Кнауф“ од Книн чиј директор е Дејан Вапски, Македонец кој целиот досегашен работен век го минал во мултинационалната корпорација Кнауф, со погони и фирми во над 150 држави во светот.

23845329_10212414652973857_309665387_nВапски пред да дојде на чело на хрватската фабрика Книн, раководел со погонот на „Кнауф“ во Дебар.

Признанието го врачи претседателот на Жупанската комора Иван Сожа, во преполната сала на новиот конференциски центар во комплексот Соларис, кај Шибеник.

Тој истакна дека признанијата се дотолку повредни што се доделуваат во амбиент од 2224 стопански субјекти во Жупанија.

По применото признание, Дејан Вапски, директор на хрватската фабрика „Кнауф“ истакна дека оваа награда многу му значи нему и на сите вработени оти станува збор за дополнителен мотивирачки фактор.

-„Ќе продолжиме да одиме по досегашната насока како уште повеќе би ја зголемиле продуктивноста и би отвориле нови работни места. Целта ни е да ја задржиме иницијативата и приматот на пазарот. Според нашиот план во 2018 ќе се обидеме бројот на вработени да го зголемиме за 10 проценти што сметам дека е соодветно и реално на нашите капацитети –  изјави за Слободен печат, Вапски.

Честитки до директорот Дејан Вапски и Кнауф упати и невладината граѓанска организација „Хрватско – македонската тангента“, во која членуваат истакнати поединци од хрватското и македонското општество,мегу нив и поранешните претседатели на Хрватска, Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ .

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе