ШТИП: Адаптацијата на филтер станицата за момент го остави градот без вода

Штип, 07.10.2020

Штип денес остана без вода за пиење Причината е во реконструкцијата и адаптацијата на филтер станицата за прифаќање, третман и испорака на водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“.

На местото на настанот беа и заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев кои го следеа процесот.  Се работи на замена на доводот во Филтер станицата и вградување на мерач на проток.

-Со задоволство можам да констатирам дека работите се одвиваат со потребната динамика и она што е важно за граѓаните дека во текот на денешниот ден ќе добијат вода за пиење,“ истакна заменик градоначалникот Јане Миланов.

Општина Штип со приклучувањето кон хидросистемот „Злетовица“ ќе добие нови 300 литри во секунда вода.

Овој проект ќе чини околу 4,5 милиони евра и Штип ќе биде еден од ретките градови кои ќе имаат два системи на водоснабдување, односно градот вода ќе добива од актуелниот бунарски систем и од „Злетовица“.

Со ова најголемиот град во регионот со квалитетна вода за пиење се обезбедува за наредните најмалку триесетина години.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе