Штип, 03.07.2020
Благој Бочварски, градоначалник на Штип денс имаше онлајн состанок со Кристина Ампева од Гласен Текстилец, Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права, и Симона М. Живкова – локална координаторка на проектот на Хелсиншки комитет за човекови права.
Тема на состанокот беше борбата со Ковид-19, за меѓуинституционалната соработка која постои помеѓу помеѓу Општинскиот и Централниот кризен штаб, и за вклученоста на НВО секторот во целиот изминат период на справување со оваа пандемија.
-Во вакви сензитивни моменти мораме да бидеме транспарентни и да упатиме јасни пораки до граѓаните. Не смееме да дозволиме лажните вести да победат.
Затоа сите заедно едногласно ја испраќаме пораката за целосно и безусловно почитување на мерките за лична заштита. Носење на заштитна маска, одржување дистанца и често миење на раце. Само така ќе успееме да го победиме Ковид-19, рече Бочварски.
Тој упатуи благодарност до Гласен текстилец и Хелсиншки комитет за вклученоста во овој многу важен процес за сите, нарекувајќи ја таа соработка пример за успешност и по најкомплексните здравствени прашања во нашето општество.
-Остануваме во понатамошна комуникација со цел да бидеме будни и да ја следиме состојбата со пандемијата во текстилната и кожарската индустрија во градот”, истакна Благој Бочварски.