ШТИП: Во петок ќе работи Градскиот пазар, а за викендот маркетите ќе можат да доставуваат намирници

Штип, 08.04.2020

Општинскиот Штаб за заштита и спасување на денешниот проширен состав донесе повеќе одлуки од значење за животот на граѓаните во услови на пандемија.

-Ново е тоа што Градскиот пазар овој петок одново ќе биде отворен и ќе работи во времето од 7-15 часот.

-Се дозволува работа на маркетите и во време на викенд на начин што тие ќе вршат достава до домаќинствата на кои им се потребни намирници.

-Територијалната противпожарна единица заврши со дезинфекција на сите влезови во станбените згради на територијата на Општина Штип и ќе продолжи со дезинфекција на улиците и јавно прометните површини.

-Мобилните тимови на Општина Штип и Црвениот Крст и за време на полицискиот час ќе бидат на терен и ќе помагаат на луѓето на кои им е потребна помош за набавка на намирници.

-Идната недела во организација на Општинската организација на Црвениот Крст ќе се одржи крводарителска акција со цел зголемување на крвните единици.

-ЈП „Стипион 2011“ веќе ги затвори сите детски игралишта како дополнителна заштита на граѓаните од вирусот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе