KOЧАНИ: Поради дефект нема вода за пиење за сите корисници

Кочани, 09.04.2020

Дефект на главниот цевковод од системот за водоснабдување во Кочани го остави градот и сите водокорисници без вода за пиење.

Претпладнево службите од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ го лоцираа дефектот на главната водоводна мрежа од системот за водоснабдување во Кочани.

– Се работи за дефект на главниот потисен цевковод, на потегот меѓу Грдовски Орман и селото Прибачево, на полска површина. Оперативните служби и механизацијата се веќе на терен, водата од системот е сопрена, така што  во наредните часови ќе има прекин кај сите корисници на водата од системот за водоснабдување во Кочани – соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Времетраењето на прекинот на водоснабдувањето ќе биде утврден според сложеноста на дефектот. Одговорните служби најавија максимална посветеност за што поскоро отстранување на дефектот, а КЈП „Водовод“ упати извинување до граѓаните на Кочани и повика на трпение и смиреност.

                                                                                                            Љ. Ајтовска

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе