ШТИП: Започна изградбата на браната на реката Отиња

Штип, 23.07.2021

Со свечено поставување на камен темелник на месноста Суитлак, во Штип денес започна изградбата на браната на реката Отиња. На свеченоста присуствуваа и со свои говори се обратија премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на владата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов.

Иведувачи на работите се Стентон градба-Битола, Nogay Group-Турција и Бауер БГ – Скопје. Надзорот му е доверен на Градежниот институт Македонија-Скопје, а проектанти се Универзитеттот „Св.Кирил и Методиј“, Градежен факултет и Чакар & партнери од Скопје.

Според слушнатото на настанот, браната на реката Отиња ќе може да акумилира три милиони метри кубни вода и ќе зафаќа простор од 120 хектари. Според премиерот Зоран Заев изградбата на браната значи реализација на штипски сон кој трае 60 години.

-За изградба на овој за Штип капителен објект владата одобри 306 милиони денари. Но, проектот нема да застане тука, зашто тој ќе продолжи со изградба на хидроцентрали за производство на струја што целиот проект ќе го направи самоодржлив. Овој проект овозможува вработување на над 200 лица, најголем дел од Штип, рече премиерот Заев.

За штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов, почетокот на изградбата на браната е и почеток на будење на заспаната штипска убавица, реката Отиња.

-Го остваруваме сонот на голем број генерации штипјани, градот ќе добие нови можности за спорт, рекреација и уживање, населбите Суитлак и Блок 2000 ќе се поврзат преку пат кој ќе оди преку круната на браната. Децата, младите и сите други граѓани на нашиот убав град Штип ќе добијат уредено место за спортови на вода и на земја, за рекреација, а домашните и странски посетители ќе бидат одушевени од природата, рече Николов.

Министерот Бочварски пак порача дека насипната брана е во висина од 33 метри и дека треба да биде изградена за најмногу 2,5 години.

br01

Заев
Заев
Бочварски
Бочварски
Николов
Николов
Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе