Штип, 19.10.2017
Илчо Захариев, кандидат на Никола Груевски за градоначалник, сега да ти бил во реформистичкото крило на ВМРО ДПМНЕ! Човекот добил истражување според кое работите пред вториот изборен круг никако не му стојат добро, па спас побарал кај реформаторите на партијата.
Според наши извори Захариев прво остварил средба со првиот човек на реформаторското крило во Штип Панче Стефановски, при што му кажал дека и тој (Илчо) бил силен поддржувач на реформаторското крило и борец за реформи во ВМРО ДПМНЕ! Притоа Захариев ја побарал поддршката на приврзаниците на оваа вмровска структура. Но, Стефановски само кратко му кажал дека тој не е овластен за такви политички договори и дека за такво нешто треба да се обрати кај првиот реформатор Петар Богоевски.
Илчо експресно завртел на мобилниот на Богоевски, а овој го препратил кај Драган Лазаров кој бил со штипски корени и е член на Иницијативниот одбор за реформи во оваа партија.
Што им бил муабетот не е познато, но со оглед на ставовите кои Захариев ги искажуваше против оваа група членови на ВМРО ДПМНЕ кои бараат партијата да се реформира, можно е тој одговор секој да си го претпостави.