ШТИП: Мост кој наместо да спојува – прави нови делби

Штип, 23.09.2019

Како што порано пишувавме во Штип нема тема на која не можат да се скараат ВМРО ДПМНЕ И СДСМ. Постапувајќи во тоа „светло“ опозициската ВМРО ДПМНЕ денес се јави со соопштение на неговиот Центар за комуникации, а како момент за јавна критика кон владеачката и во Штип СДСМ го искористи (не)поставувањето на новиот, челичен мост на реката Брегалница.

Еве што сопштија од опозицијата:

Иако поминаа три месеци, после ветувањето дека за десет дена ќе се постави мостот, реализација се‘ уште нема. Поминаа и две години откако се вети дека во првите 100 дена од градоначалничкиот мандат, ќе се реши сообраќајниот хаос во Штип. Но, за време на традиционалниот настан Пастрамалијада, ги увидовме огромните недостатоци на локалната самоуправа при водењето на градот. Мостот на река Брегалница веќе втора година по ред не се поставува, кое создава проблеми не само во секојдневниот живот на граѓаните, туку и за време на големите настани. Сообраќајниот метеж се создава токму поради незавршените проекти на Градоначалникот, а тоа резултира со огрома нервоза кај локалното население.

Логично, на одговор од нападнаста страна се чекаше час-два.

Еве го одговорот на СДСМ:

Партијатата која имаше два мандати или речиси 10 години локална власт, ветувањата за мост на река Брегалница, изградба на обиколница прва и втора фаза на влезот од градот, изградба на паркинг платформа за поголем капацитет за паркирање ги остави само на хартија во својата изборна програма, денеска зборуваат за сообраќаен метеж.

За потсетување, Општина Штип комплетно ја заврши првата и втората фаза со изградба на нов кружен тек на влезот во градот, наскоро следува поставување на мост на река Брегалница со што ќе се растерети сообраќајот во тој дел од градот.

Изградена е нова паркинг платформа со капацитет од 40 нови паркинг места и дополнително е укинато плаќањето на паркинг во одредени делови од градот.

most_800x444Опозициската ДПМНЕ во својот мандат како локална власт освен ветувања не остварија ништо во корист на граѓаните за побезбедно движење, а денеска преку неосновани прес конференции се обидуваат да шират невистини помеѓу граѓаните, рекоа од СДСМ.

И така…мостовите се градат за да спојат два брега, челичниот мост на Брегалница во Штип е нов услов за нови политички делби.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе