ШТИП. Повелете на фестивалот да деца и младинци „Малиот принц“

Штип, 23.09.2019

Утревечер (24 септември) во малата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип (101 седиште) во 19 часот, свечено ќе биде отворен фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“. На денешната средба со новинарите за фестивалот зборуваа Ката Мишева, директорка на Центарот за култура и Трајче Кацаров, советник за култура во овој  центар.

-Овој фестивал на нашата сцена се одржува седма година по ред со финансиска поддршка на Министерството за култура. Фестивалот ќе трае четири дена со претстави од четири театри од исто толкав број градови, информира директорката Мишева.

70739074_920898874931873_4163737404949135360_n            Утре, 24 септември, настапува струмичкиот народен театар со претставата „Пипи долгиот чорап“, во среда штипјани ќе можат да ја видат претставата „Том Соер“ во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, терминот од 19 часот во четврток е резервиран за „Алиса во земјата на чудата“ на тетарот од Охрид, Фестивалот ќе биде затвроен со претставата „Шушкава приказна“ на штипскиот Народен театар. Сите претстави почнуваат од 19 часот.

-Ги поканувам наставниците и децата, бабите и дедовците со внуците, родителите со децата да дојдат и да ги проследат претставите, децата ќе бидат одушевени, порача Мишева.

Кацаров вели вака:

-Беше еднаш едно детство. Се’ беше помало од него. Царуваше со својата препознатливост. Бистро како мамина солза, мирно како широко море. Ништо за него не беше нечујно, неразбирливо. Се служеше со говорот на ликовите од бајките. Сееше насекаде љубовно семе, жнееше љубов и разбирање, амбарите му беа полни радост. Неговата парола гласеше „Не лути се човече“. За него играта беше игра и ништо повеќе од тоа (и кога се водеа војни помеѓу индијанци и каубојци, односно помеѓу партизани и германци). Редеше домоно коцки, правеше кули од картони, коњчиња од дрво, санки од штици, авиони од хартија. На улицата си играше мижитатара, брканици, џамлии, чалик-чамак и што ли уште не. Играњето со топка беше закон, но не послабо беше шиењето фустанчиња  од кафтанчиња за кукли што знаеја да изговорат мама, но, не и да кажат  дека се купени од странство, најчесто од Италија.

Детството имаше свои песни кои често почнуваа со стихови од типот „Дувна ветре развигорче/ нишна гранче над изворче! или Шал мама пак ќе ми купи/ За другото тато ќе плати/ Но, времето што сум го губела/ Нема кој да го врати!“„ и слични на нив.

Токму детсвото кое се одмараше во скутовите на бабите и се јазеше врз мустаците на дедовците херои, е нашата мерка за вредност. Нека ми простат денешните детства, но сите оние кои се градат врз принципите на некогашното детство се вистински детства, односно детства за вечно сеќавање. Сето тоа ќе се види во и низ претставите во наредните четири дена, вели Кацаров.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе