Штип, 16.10.2019
Осуммина уметници од четири општини од источниот и југоисточниот регион со свои дела ќе учествуваат на Биеналното студио на цртеж – 2019 година.
Изложбата ќе биде отворена утре точно напладне (12,оо часот) во изложбениот салон при Домот на културата „Ацо Шопов“.
-Со свои цртежи ќе се претстават: Стефанија Стојанова, Дејан Марков, Александар Иванов и Јордан Ефремов од Штип, Ана Филев од Струмица, Александра Димитрова и Марија Мицова-Гацова од Кочани и Ѓоко Антониев од Пробиштип, рече на прес конференцијата Ефтим Гегов-Гега, стручен соработник во Центарот за култура „Ацо Шопов“.
На денешната прес конференција во Домот на култура „Ацо Шопов“ беше речено дека биеналното студио на цртеж е дел од програмските активности на оваа установа од областа на културата, дека студиото има децениска традиција и дека истото е финансиски поддржано од Министерството за култура.