Штип, 29.09.2017
Уплашен дека му се ближи крајот како прв човек на град од форматот на Штип, Илчо Захариев шета по штипските населби и села и со разни трикови се обидува да ја намали штетата од својата пакосна политика која му ја наметна на Штип. На граѓаните им ветува работи кои ги ветуваше пред да го добие првиот мандат ама не ги исполни, ги кодоши своите сограѓани-штипјани, се обидува да внесе раздор помеѓу определени слоеви на луѓе од разни општествени и социјални слоеви.
Но, Илчо не сметал на тоа дека на таквите средби ќе наиде и на жесток отпор кога штипјани кои знаат во која грмушка лежи зајакот ќе му ги откријат дубарите.
Така, при посета на Ново Село, Илчо говорел за „црвените буржуи“ од населбите познати под прекарот „Леваци“ и “Деснаци“, како и за оние кои имаат убави куќи, добри станови и пари за повеќе од добар живот а живеат во центарот на градот.
„Дојде Илчо и ја започна својата проповед. Се пофали колку асфалт ставил, како ја направил Отиња, како го обезбедил градот со вода, како давал пари на сиромаси….Па потоа удри по, како што ја нарече „црвената буржоазија“. –„Тие луѓе живеат во вили, огромни куќи со прекрасни големи дворови, имаат пари во странки банки. Тие се нашата црвена , комунистичка буржоазија, која не дава ни пет пари за сиромашниот нарот. Јас сум тука да не им дозволам натамошно богатење на ваша сметка, на сметка на народот“, рекол Илчо наш. Ова ни го кажува жител на Ново село. Вели дека еден од присутните му се обратил со зборовите: „Ако се тие црвена тогаш ти си портокалова буржоазија….Колку пари ти направи како директор на Бирот за лекови и како градоначалник. Се говори за милиони евра. Ти не можеш да бидеш бранител на сиромашните, ти само ги сакаш нашите гласови“, рекол новоселецот.
Иста била сликата и во населбата Дузлак. И таму Илчо говорел за црвената буржоазија која пак сакала да дојде на сцена во Штип, која ќе ги исцедела сиромашните граѓани…Пак ги спомнал штипските богаташи кои живееле раскошно во спомнатите населби.
„Па ние во Дузлакот имаме и за двапати поголеми куќи од оние во леваци и деснаци, таму куките се градени во 1972, значи пред 45 години, нашите се во последните 15 години. Нека имат луѓето, ние треба да се бориме за оние кои немаат а не да ги оговараме оние кои имаат“, му одговорил еден од присутните и револтирано си заминал од „малиот митинг“ на Захариев.
Се говори и тоа дека Илчо им говорел на штипјани дека со неговите политики ќе направел младите да не си го напуштаат родното место, да не ги остават сами своите стари родители. На тоа пак си го добил како што треба: „А ти, каде ти го испрати твоето дете? Зошто твојата ќерка и зеет ти се во Бугарија каде ги испрати да живеат купувајќи им аптеки,станови, луксузни автомобили“.
По ова Илчо Нарцис Захариев си ја свртел опашката и бргу-бргу заминал од Дузлакот.
Неговиот обид да внесе раздор помеѓи поимотните и оние другите не дал резултат. Народот повеќе не е слеп и не му верува на самобендисаниот.