Штип, 02.05.2019
ВМРО ДПМНЕ денес на конференција за медиумите го спореше проектот за аква парк највен во предизборната кампања на градоначалникот Блаој Бочварски.
„Се наоѓаме на истото место, гола површина, на која Градоначалникот се снимаше и сликаше, за да ги убеди гласачите да го изберат, со ветување дека овде ќе никне најголемиот аква парк во Македонија-СРЦ Суитлак. Но, и после една и пол година, на ова место нема никакви промени!
Она што го гледаме денес, се нови ветувања, кои апсолутно наликуваат на претходните.
Ако Градоначалникот мисли дека ќе се извлече со оправдувањето дека се подготвува документација за истиот, се лаже!
Граѓаните ја почуствуваа лицемерноста на политиката на СДСМ. Тоа се докажа во првиот круг на претседателските избори, тоа се докажа минатата ноќ на нивниот т.наречен митинг, со не повеќе од 300 луѓе.
Предолгиот период за изградба на аква паркот асоцира на неколку работи:
Или ќе биде невиден во Европа и пошироко, или ќе биде наполнет со солена вода од тешко достапно море, Или, најлогичното прашање-дали Градоначалникот воопшто располага со капацитет за изградба на СРЦ Суитлак?
Го повикуваме да одговори на овие прашања, да соопшти на јавноста до каде е со трите базени и тобогани и му препорачуваме полека да се подготвува за најголемиот изборен пораз за неговата партија! Затоа што е очигледно-бродот на СДСМ тоне, но не во аква паркот, кој не постои, туку на политичката сцена во нашата држава“, порачаа од опозициската партија.!
Одговорот од кабинетот на градоначалникот Бочварски е следниот:
„ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто за 8 години локална власт во Штип, остави импровизирано реконструирани улици и не изгради ниту еден значаен објект за Штип, ниту градинка, ниту базен, ниту брана, ниту водоводи, ниту канализации.
Единствено нешто што ни остави се трошоци и судски пресуди кои достигнуваат стотици илјади евра.
Тоа е ефектот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Штип!
Ги информираме граѓаните дека Општина Штип има изработено проектна документација за изградба на Спортско рекреативен центар Суитлак со нови фудбалски игралишта, помошни простории за игралиштата (соблекувални), теретана, спа центар, соблекувални за посетители, ресторан и базен.
Општина Штип овој комплекс ќе се обиде да го реализира преку јавно приватно партнерство.
Граѓаните на општина Штип знаат дека, за само една и пол година во Штип е започната изградба на нова детска градинка, ќе се гради затворен базен во населба Сењак во склоп на училиштето Димитар Влахов, во завршна фаза е техничката документација за брана на реката Отиња, изградена е втора фаза од обиколницата на влезот во градот, изградена е паркинг платформа со капацитет за 40 паркинг места во централното градско подрачје, намалена е цената на водата за пиење за 10%, изграден е водовод до населба Балканска со што граѓаните на таа населба после 40 години ќе добијат чиста и здрава вода за пиење.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека за реализација на вакви крупни проекти потребно е темелна и квалитетна анализа и комплетна техничка документација.
Со вакви неосновани обвинувања и бледи прес конференции опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште долги години ќе ужива голема недоверба кај граѓаните, затоа што граѓаните ги препознаваат добрите проекти кои се во нивен интерes“, објавија од кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски.