Заев ги охрабри охриѓани: Уште од понеделник ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата, за да не ни биде, после, Цацко крив

Охрид, 2 мај 2019

– Премиерот и лидер на владината коалиција, Зоран Заев, ги охрабри, на вечерашната трибина, на градскиот плоштад “Свети Климент Охридски”  охриѓани, ветувајќи им дека, уште од понеделник, ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата, за, како што рече, после да не ни биде виновен Цацко.

59342905_442068686552242_511142997040037888_n_800x600Токму за ова, беше награден со одобруивање и громогласен аплауз од присутните.

Заев кажа дека ја примил пораката од граѓаните после првиот круг гласање, знае дека многумина од министрите и директорите по јавните претпријатија, но и на локално ниво, не си ја завршиле работата за која добиле доверба од народот и дека ќе мора да се повлечат. Или самите, или ќе бидат сменети.

– Штотуку се вратив од Берлин, каде бев заедно со министерот Димитров и останати мои соработници. Зад нашите политики стојат ио Меркел и Макрон, стојат и Берлин и Брисел, затоа што се тоа про-европски политики. Не е случајно што и третиот претседателски кландидат Блерим Река, практично, јавно ги повика своите придржувачи во недела да гласаат за европска, просперитетна, демократска и мулти етничка Република Северна Македонија – рече Заев.

59775398_1961373810641739_8156870101786689536_n_800x600Ни трибината говореа и претседатѕѕелскиот кандидат Стево Пендароски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и кандидатот за нов градоначалник на Охјрид, Константин Георгиевски.

Георгиевски, рече дека Охрид ќе биде модерен и европски град, туристичка мека и летна културна метропола.

Пендароски, уште еднаш ги повиока охригани, но и сите граѓани во земјата, масовно да излезат во недела на гласање.

58943336_2306871026218522_6475721560266113024_n_800x600– Да направиме една свечена, демократска, празнична атмосфера. Да му покажеме на светопт дека со право наскоро влегуваме во асоцијациите во кои се најдемократските и најпросперитетните земји.Како граѓани заслужуваме да одиме напред, утре во НАТО, а потоа и во ЕУ, а не да се враќаме назад, во темното минато и заробената држава, во каква не турнаа Никола Груевски и сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ, со нивната кандидатка, која не покажа воља ниту за милиметар да се измести од истата таа политика и да се огради од тие политичари. Ја опустошија земјата и избегаа надвор – рече Пендароски.

Министерот Димитров, главно, се задржа на, како што рече, штетните политики и кочничарската улога на претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов.(Крај)

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе