ШТИП: Седум можни носители на признанието „8 ноември“

Штип, 29.10.2018

Познатата штипска и македонска компанија „Кит-го“ , Мишко Иванов новинар, Јелена Јованова актерка, Трајче Митев НВО-сектор, Кирил Кузманов музичар, Стојанче Ангелов, лидер на партија и Билјана Балабанов универзитски професор на УГД-Штип се можни носители на признанието „8 ноември“ кое се доделува во чест на Денот на ослободувањето на градот.

Ова денес беше решено од Комисијата за награди и признанија на чие чело е градоначалникот Благој Бочварски. Дали сите кандидати или само некои од нив ќе станат носители на ова признание, за тоа ќе одлучува Советот на општина Штип на седницата закажана за среда, 31 овој месец.

Тројца од кандидатите потекнуваат од овој град но од поодамна не живеат во Штип. Тоа се новинарот Мишко Иванов, актерката Јелена Јованова и политичарот, генерал Стојанче Ангелов.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе