ШТИП: Советот ги потврди носителите на признанието „8 Ноември“

Штип, 06.11.2020

Советот на Општина Штип на денешната седница која одеше онлајн, едногласно го усвои предлогот на Комисијата за доделување на признанието „8 Ноември“ за носителите на ова признание.

123728866_1308813416142692_7223278569984858596_n
Проф.д-р Трајче Стојанов

Сите советници, и од позиција и од опозиција беа едногласни дека Д-р Трајче Стојанов, професор по философија на Факултетот по образовани науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ со своето педагошко и научно дело заслужува да го понесе највисокото признание на град Штип. Стојанов посебно ја одбележи тековната година со капиталното тритомно дело „Руска религиска философија“ кое на еден посебен начин беше промовирано во МАНУ. Покрај ова големо достигнување, професор Стојанов годинава се издвои и со изборот за почесен професор на Социјално педагошкиот институт во Москва, главниот град на Руската Федерација.

123743058_2710924865890400_6055411856680052723_n
Елена Голомеова

Добитничка на ова признание е и оперската пејачка Елена Голомеова, која со години настапува на оперските сцени во Франција, најмногу во Ница и Париз и која во сите свои многубројни интервјуа за француските медиуми не испушта гордо да назначи дека Штип е нејзиниот роден град со што придонесува за промоција на нашата заедница.

123737634_272735974174282_4679519599336374568_nИнфективното одделение при Клиничката болница во Штип исто така е добитник на признанието „8 Ноември“ за 2020 година. Ова признание на инфективно му е дадено за напорната работа на докторите и сиот друг медицински персонал во време на пандемијата од Ковид 19. Вработените на ова одделение при Клиничката болница која е од регионален карактер ги вложија и ги вложуваат и последните атоми од своите сили за да им помогнат на бројните заболени од оваа зараза.

BOLNICA STIPТериторијалната противпожарна единица е четвртиот добитник на признието кое на штипските противпожарникари им е доделено по повод 100 годишнината од постоењето на оваа служба и за високите резултати остварени во борбата против огнената стихија, во спасувањето на животот и имотот на граѓаните и на заедницата.

Поради корона кризата признанијата на добитниците ќе им бидат врачени во недела, на 8 овој месец, во кабинетот на в.д. градоначалникот на Општина Штип Јане Миланов.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе