Штип, 12.03.2918
Советот на млади при Општина Штип денес ја одржа првата седница на која присуствуваа петте члена од СДСМ предложени од Комисијата за мандатни прашања при Советот на Општина Штип: Викторија Кукушев, Дијана Јованова, Борче Органџиски, Дарко Митев и Иван Миладинов.
Со едногласна одлука Викторија Кукушев беше избрана за претседател на Општинскиот совет на млади.
„До комисијата за мандатни прашања не беше доставена листа на членови од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Бидејќи Советот на Млади е тело кое работи јавно и транспарентно го повикуваме подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ да достави и своја листа се со цел поуспешно работење и застапување на интересите на младите во општината. Го повикуваме и невладиниот сектор активно да се вклучи во работата на Советот на Млади во сите идни јавни дебати, проекти и обуки за да можеме заеднички да го подигнеме нивото на живот на младите во нашата локална заедница“, рече претседателката Викторија Кукушев.