Штип, 21.03.2022
Во уметничката галерија „Безистен“ во Штип денес е оворена изложба на слики и скулптури, дело на студентите на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.
„Изложени се дела на студентите на ликовната акдемија од студиската програма по Класично сликарство и вајарство. Изложбата е по повод 15 годишнината од формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ и 10 години од формирање на катедрата по Класично сликарство“, изјави деканката на Ликовната академија проф. Д-р Катарина Деспот.
Професорката Јана Јакимовска изјави дека станува збор за студентски дела кои се собрани во изминатите 10 години и се дела со кои академијата се гордее.