ШТИП: Тридневен Фестивал на тетатарски претстави за деца

Штип, 20.09.2020

Од утре до четврток (22-24 овој месец) во Штип ќе се одржи Фестивал на претстави театарски претстави за деца  под насловот „Малиот принц“, а под мотото „За детските очи“. Со свои претстави за деца ќе се претстават професионални театри од Струмица, Скопје и Куманово, а тоа се Театарот при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, Театарот за деца и младинци од Скопје и театарот Видливост при Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица.

Организатор е НУЦК „Ацо Шопов“-Штип, а селектор на фестивалот кој се одржува по осми пат е драматургот Трајче Кацаров.

-Сите три фестивалски вечери почнуваат во 19 часот на платото пред Домот на култура „Ацо Шопов“ и со придржување кон мерките пропишани од здравствените власти во однос на Кови 19. Следењето на претставите е бесплатно, рече Ката Мишева на средбата со медиумите, директорка на Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Претставите ќе одат по следниот ред:

Утре, вторник 22 септември, ќе настапи театарот од Куманово со претставата „Приказна за една шума“;

Среда 23 септември настапува театарот од Струмица со претставата „Дружината на Лајко сезнајко“;

Четврток, 24 септември- настап на Театарот за деца  и младинци од Скопје со претставата „Лакомата Меца“.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе