Штип, 09.05.2022
Утре вечер во 20 часот во театарот во Штип независна драмска група ќе ја прикаже претставата „Вистимнскиот запад“ по текст на Сем, Шепард., а во режоија на Борис Василески.
-Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува, стои во најавата за овој театарски проект.
Во претѕставата играат:
Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев,Тања Кочовска,
Сценографија и дизајн на светло се на Мартин Манев
Костимографијата ја изработи Симона Даноска
Извршен продуцент е Ава Хусеини
Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски
Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски
Дизајн на постер: Ана Јачева.
Актерот Марјан Наумов и извршниот продуцент Ава Хусеини се од Штип.
☎️ Резервации за претставата можат да се обезбедат на тел:
070 729 430 / 070 933 002