Штип, 31.03.2021
Модуларната болница изградена во кругот на штипската Клиничка болница за потребите заболените од Ковид 19 е пред ставање во функција.
-Очекуваме новиот објект да биде отворен утре, има уште некои мали активности за кои се надеваме дека ќе бидат завршени до утрешниот ден. Модуларната болница има 47 кревети, опремена е со сите потребни апарати за третман на ковид пациентите, кои се во тешка здравствена состојба, изјави д-р Ален Ѓеоѓијев, директор на Клиничката болница – Штип.
Во штипскиот Ковид центар нема повеќе слободни болнички кревети. Во четирите ковид одделенија има 61 пациент, од кои 44 се на кислородна поддршка. Денес починаа двајца пациенти од Штип на возраст од 79 и 84 години