Штип, 22.03.2022
Познатиот македонски уметник Живко Попоповски-Цветин, кој е сликар и голем хуманист, денес беше меѓу штипјани. Тој присуствуваше на одбележувањето на денот на пролетта, а во Домот на млади го проследи празникот на поезијата во организација на литературниот клуб „Искра“ од Штип и нивните бројни гости-поети од поголем број градови од нашата држава и од странство.
Хуманистот Зоран Мијалков кој цел ден се дружеше со Цветин,ни рече дека уметникот денес, по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ги посетил ректоратот на УГД и Националната универзитетска библиотека кои го носат името на револуционерот. По тој повод Цветин нацртал 150 цветни слики
Потоа Живко Поповски-Цветин прошета низ градот, а пред Домот на култура „Ацо Шопов“, каде голем број млади се релаксираа со музиката на музички состав од Куманово славејќи го Денот на пролетта, Цветин ја презентира својата уметност која ги одушеви присутните.
-Во Домот на младите Цветин наслика голем број цветни слики, а светот кој го сликаше го избираше според ликот за кого сликата беше наменета, така тој ја добивал инспирацијата. Инаку Цветин сите пари заработени од сликарството ги донира за децата со посебни потреби, ни рече Мијаков.
На фотографија Цветин со своите цветни слики и група почитувачи на неговата уметност и хуманост.