ШТИП: Ѓорчев ги изложи своите карикатури инспирирани од нашето и светско (не)весело секојдневие

Штип, 14.05.2022

Јордан Ѓорчев, професор, писател, карикатурист, ерудит синоќа пред штипската публика ги изложи своите точно сто карикатури, од прва до последна инспирирани од нашето, а нешто и светско време/невреме. Изложбата беше отворена во уметничката „Галерија 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“.

За идејата за оваа изложба, и за понатамошната соработка на полето на културата помеѓу Центарот за култура „Ацо Шопов“ и МСУ зборуваше директорот Горан Трајков.

-Денес сведочиме за прва изложба на карикатури на Јордан Ѓорчев, но овој културен настан е само вовед во договрената културна соработка помеѓу нашиот Центар за култура и Инстутот за култура и уметност при МСУ „Гаврило Романович Державин“, за што во многу блиска иднина ќе потпишеме и договор. Со тоа значајно ќе го прошириме полето на културна соработка помеѓу двете соседни општини, посочи Трајков.

За творечкиот опус на Ѓорчев, а посебно за неговата посветеност на карикатурата, говореа писателот Трајче Кацаров и новинарот и член на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип Иван Бојаџиски.

-Исклучителна чест ми е што Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип пројави интерес моите карикатури да можам да ги претставам пред штипјани. Посебно што ова е моја прва изложба на карикатури во градот кој е сосед на моето Свети Николе каде што јас живеам и творам. Се надевам дека во иднина со најголемата културна институција во Источниот регион ќе бидеме поактивни во размената на културни добра, а институцијата со која јас раководам – Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, а во која посебно места има и културата, секогаш е и ќе биде широко отворена за работниците во културата од Штип и за нивните остварувања, рече Ѓорчев.

Писателот Кцаров го претстави авторот на изложбата како ретка појава во нашата култура, како личност која на Славјански обезбедува посебен простор за културата.

-Токму на МСУ „Гаврило Романович Державин“, благодарејќи на огромната посветеноста на Ѓорчев кон културата, се одржуваат голем број културни настани, како гостување на театри, писатели, поети, сатиричари, културно уметнички друштва. Конечно, токму Ѓорчев е човекот кој прв на овие наши простори отвори 3Д кино, промовирајки ја на тој начин и филмската култура како дел од севкупноста на културниот живот на секој човек, рече Кацаров.

На настанот беа читани афоризми како и убава поезија.

Изложбата е отворена во наредните седум дена и вреди да се погледне.

Ѓорчев и Кацаров
Ѓорчев и Кацаров
280371985_1530393054030084_6492903228157971493_n
Горан Трајков
280282759_1102545303659962_107067587545138982_n
Слободанка Момчилова

280445598_356281899708791_4410250880375279892_n 280404081_517851816466269_3948744916587612052_n

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе