ШТИП: Јане Миланов, новиот претседател на ОО на СДСМ, на средба со пензионерската заедница, се разговараше за теми од капитално значење за пензионерите
Штип, 19.03.2022
Јане Миланов, новиот претседате на Општинската организација на СДСМ денес имаше средба со пензионерите на која се разговараше за новите мерки на Владата за подобрување на статусот на пензионерите во нашата држава.
-СДСМ е одговорна партија и како таква продолжуваме со вистинската грижа за пензионерите. На денешната средба сакаме да ги слушнеме мислењата и ставовите на пензионерите во однос на измените на Законот со кој се овозможува усогласување на пензиите двапати во годината, појасни Миланов.
Тој потенцира дека усогласувањата ќе се вршат двапати на годишно ниво, еднаш во месец септември, вторпат во месец март.
-Усогласувањето ќе се врши по приципот на збир од проценти од зголемувањето на трошоците на живот и 50 проценти од зголемувањето на просечната плата согласно со податоците од Државниот завод за статистика. На овој начин, веќе во септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историски најголемо покачување коешто во просек ќе изнесува околу 900 денари. Дополнитено, во согласност со антикризните мерки секој пензионер за месеците април, мај и јуни ќе добие по 1.000 денари, со што дополнително се прават напори да се помогне на животниот стандард на пензионерите“, истакна Миланов.
Првиот човек на ОО на СДСМ во Штип рече дека Партијата ќе организира редовни средби со граѓаните на разни актуелни теми кои се од значење за секој жител на нашата држава.
Дебатата беше мошне жива и плодотворна, а поголе број од присутните учествуваа со свои погледи, мислења и ставови во однос на разни теми кои се од посебен интерес за пензионерската заедница.