Охрид, 15 јануари 2019
Брачна двојка од Велика Британија, која на вашиот репортер му кажа дека тука “не дошле поради публицитет” и замолија да им се зачува анонимноста, македонскиот туристички бисер – Охрид, го ставиле како првата дестинација на нивната мапа, по влезот откај Албанија.
Нивната мапа, видно одбележана на посебнмо знаменце, до знаменцето на Обединетото Кралство, верувале, или не, содржи 100.000 километри изоден пат, на велосипед.
За воља на вистината, нивните велосипеди се нешто повеќе од тоа. Очигледно, станува збор за посебна, наменска изработка, со елементи на кои можат да се прикачат сите потребштини за движење и престој на отворено.
Снимени се, во моментот кога двајца вработени од ВИП – мобилниот оператор, ги испраќаат на градскиот плоштад “Свети Клиомент Охридски”, во Охрид, откако кај нив, купија картички за два мобилни апарати – “да им се најдат додека престојуваат во Македфонија”.
В.Митаноски