Уапсен велешанец, запалил сува трева и предизвикал пожар

Полицијата од Велес го уапсила Е.Л.(46) од селото Горно Оризари, кој бил пријавен дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.

Министерството за внатрешни работи информира дека уапсениот е приведен во полициска станица, а известен е и јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press