Општинар во Шуто Оризари со лажни налози си присвоил околу 58 илјади евра од општинскиот буџет

Раководител на сектор во општина Шуто Оризари, на основа на наводно одржување училишни објекти, присвоил 3.600.000 денари, односно околу 58 илјади евра, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари, со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на пари, злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Откако ги пуштил парите од тресорска сметка, биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари“, информираат во МВР.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press