Владата ќе го одобри договорот за грант од 3,7 милиони евра од ЕИБ за изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија
Вицепремиерот и министерт за транспорт Александар Николоски одржа средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, каде што се конкретизираа работите за изградба на третата фаза за пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, како и изграба на тунелот како гранична точка.
Во рамки на средбата, Владата на седница донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската Инвестициска Банка. Со ова, избраниот Консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач.
Дополнително со ова предвидено е да се забрзаат активностите, ЈП за Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на Надзор на изградбата.
Според владата, овие проекти имаат и регионално значење за позиционирање на државата како транзит земја на Балканот, што треба да е дел од европските транспортни рути.