Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија

Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Ѓеоргита Влад, од утре (2 септември 2025) ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

По свечениот пречек со воени почести во Генералштабот на Армијата во 8:45 часот, генерал Влад ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главни теми на разговорите ќе бидат трансформацијата на Армијата, учеството во меѓународни мисии, капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, можностите за билатерална соработка во областа на специјалните сили, заемната поддршка во исполнувањето на НАТО-целите за способности и унапредување на интероперабилноста.

Во рамките на посетата, генерал Влад ќе се сретне и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press