За локалните избори ќе се кандидарат 69 независни кандидати за градоначалници

По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 1 септември, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје, информираат во Државната изборна комисија (ДИК).

„Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, се поднесуваат до општински изборни комиси до 13 септември“, информираат во ДИК.

Како што оттаму информираат, потписи за независни кандидати за градоначалници биле собрани за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и за градоначалник на Град Скопје.

Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советот на Градот Скопје.

Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025 кое е објавено на официјалната веб-страницата на Државната изборна комсија.

Инаку, на листата со собрани постписи што ја објави ДИК, најмногу потписи, 65, има Менди Ќира, независен кандидат за градоначалник на Струга, потоа, Венко Крстевски, кандидатот за градоначалник на Кочани – 7, како и Горан Талевски, кандидатот за општина Новаци – 10. Мнозинството останати независни кандидати собрале по два или три потписи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press