Отворена истрага за Вардариште, три лица добија притвор бидејќи создавале нови диви депонии

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за депонијата Вардариште и побара притвор за три лица кои создавале нови диви депонии. Тие ќе одговараат за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека кривичните пријави се поснесени по брза постапка против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје.

Осомничените, подолг временски период, се до 2 септември, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита  на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето.

Сите тројца вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад која согласно закон ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

Фото: ОЈО

Од ОЈО велат дека осомничените непрописно оставале, фрлале и транспортирале отпад, создале диви депонии со што влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press