Млад маж од Волково под истрага за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска.

Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот.

Воедно, обвинителството ги ценеле и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press