Приведен охриѓанец кој предизвикал пожар на глисер и патничко возило во сопственост на неговиот брат

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид поради сомнение за предизвикување пожар на глисер и патничко возило.

Се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул. „Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press