ИЈЗ: Почвата во Трубарево на едно место има повисоки вредности на тешки метали, а водата е чиста

Почвата во Трубарево, на локацијата каде што се случи големиот пожар и каде што гореа литиумски батерии има зголемени вредности на бакар и цинк, покажуваат испитувањата на Институтот за јавно здравје. Од мострите земени по пожарот во рециклаторната компанија, која складирала пластика и електронски отпад, испитувани се вкупно 16 тешки метали, а резултатите покажале дека на повеќето локации нема отстапувања од референтните вредности на олово, кадмиум, арсен, никел, жива, хром и други метали.
Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и
за радиоактивност во вода, почва и воздух и на тешки метали во почва и во вода.
Според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода, а нема ниту радиоактивност на земените примероци од вода.
Институтот за јавно здравје информира дека анализите ќе бидат повторени во согласност со протоколите, а јавноста ќе биде информирана за резултатите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press