Еколошка катастрофа во Куманово, реката Кумановка е претворена во депонија

Реката во Куманово е претворена во депонија. Пластични кеси, фрлени шишиња и друг отпад ја покриле површината на водата. Реката станала огледало на еколошката трагедија, пишува Порталб.мк. ,а сликите немаат потреба од коментар за да се опише ситуацијата.

На 12 август актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, се пофали на Фејсбук дека го чисти речното корито.

„Општина Куманово моментално го чисти речното корито на реката Кумановка. Преку оваа акција го отстрануваме отпадот, дивата вегетација и го подобруваме протокот на вода за почиста животна средина и спречување на поплави. Работните екипи се ангажирани на терен, работат со посветеност за да го направат градот побезбеден и поубав за сите нас. Апелираме до граѓаните: да ја заштитат природата, да не фрлаат отпад во реките и да придонесат за заедничката одговорност“, напиша првиот човек на општината, Димитриевски.

Бројни беа и реакциите од граѓаните на самата објава на Димитриевски.

„Ова треба да биде вообичаена работа на одговорни институции, а не за да се пофалат на Фејсбук“, напиша Александра Поповска.

„Изборите се ближат. Треба да се покажете“, напиша Ласте Стаменковски.

„Не сме те виделе од денот кога ја презеде функцијата, сега пред изборите станавте ангели“, напиша Менде Матески.

Времето на објавување, кога во земјава пред-кампањата за локалните избори веќе еден месец е започната, како и состојба со реката и нејзиното корито, отвора сомнеж дека фотографијата е направена само за да се покаже пред јавноста дека нешто се работи. Максим Димитриевски ја објави својата кандидатура за градоначалник и се спрема да освои трет мандат.

До објавувањето на текстот, општина Куманово не се изјасни какви планови има за чистење на коритото и колку пати тоа се чисти во текот на годината.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press