Виница, 26.09.2025
Утре навечер (сабота, 27 септември, 20:00 часот) во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, ќе биде отворена изложба на слики од познатиот уметник, сликарот Миливој Симеонов.
Изложбата е под наслов „Анатомија на прогресот“.
„Се работи за еден вид патување преку портрети на млади девојки, каде сликите не се само за гледање, туку и за чувствување“ најави уметникот и додаде:
„Се надевам дека ќе се видиме таму, да го споделиме моментот и да ја почувствуваме нежната магија што се крие зад секој портрет. Дојдете за заедно да бидеме дел од оваа уметничка приказна“, порача Симеонов.