ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија со седиште во Скопје и против С.С.(47) од Куманово, вработен во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Тие не постапиле според прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа, ги прекршиле техничките правила за мерките за заштита поради што на 30.08.2025 на ниви во атарот на селото Мал Папрадник настанал пожар и бил доведен во опасност животот и имотот на населението“, се наведува во соопштението.