Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија (ЕК) денеска попладне се очекува да пристигне во Скопје. Предвидено е да ја пречека премиерот Христијан Мицкоски во Владата. За во 15:50 часот закажана е тет-а-тет средба, по што треба да се одржи билатерална средба. Изјави за новинари, како што е најавено, не се предвидени.
Премиерот Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.