Бранко се појави, навистина се појави: МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО!

Сето ова е многу врева за ништо. На телевизиите доспеа до cover story! Дополнително лугево, гледачи и читатели, подеднакво и самите новинари, не ги знаат фактите. Она што се коментира, пак, на социјалните мрежи е “баби јој се снило, то што јој се хтило”. Фотографијата и приказната се масло на СДСМ, односно на некој од СДСМ,кој растурил пердуви од перница, кои сега, ни виновен ни должен, се обидува да ги собере Филипче. Претпоставувам е направена игранкава без негово знаење. Со намера да му се наштети на противникот . Но од политичка неопитност, сами си задале автогол! Почекајте некој ден, па ќе видите. Фотографијата, која е свежа од пред некој ден, најверојатно поврзана со роденденот на Црвенковски, е направена од човек на СДСМ, но поради актуелниот момент, пред гласањето, не сакам да откривам имиња, не сакам да наштетам, ниту да заземам страна. А дека ги знам фактите и како и каде се случувало, брзо ќе дознаете. А самиот Црвенковски, нема никаква вина за случајов со фотографијата. Ниту има било каква политичка позадина.Седнал да руча со свој пријател, каде сосема случајно дошол и градоначалникот, кој, пак, нема никаква потреба да се дообјаснува, затоа што постапил како секој воспитан што би постапил кога ќе биде поканет да седне, односно да се поздрави со еден бивш претседател, сеедно од која политичка провинциенција да бил. Подоцна и пратеникот, а тоа некој го снимил ( се знае и кој), ја испратил фотката, (се знае кому!), овој, мислејќи дека добил ” кец на десетка”, во Инфомакс и оп, приказна од ништо. Наместо гол, автогол во сопствената мрежа!!!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press