До 17 часот излезноста на локалните избори е 39,61 отсто

На два часа до затворањето на избирачките места, на гласање на локалните избори излегле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список. Според информациите од Државната изборна комисија, до 17 часот добиле податоци од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи.

Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84 отсто, Дојран 60,91, Крушево 60,94 и Лозово 61,09 отсто. Најмала е излезноста во општината Врапчиште каде што гласале само  20,94 отсто од запишаните изборачи.

Државната изборна комисија информира дека избирачките одбори треба да им овозможат на новинарите непречено да известуваат за процесот на гласање и да не ги попречуваат да фотографираат на изборните места.

„Новинарите од домашните медиуми, за разлика од странските новинари и набљудувачите не мораат да бидат акредитирани од ДИК“, посочуваат од Комисијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press