Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист и го напушти местото на настанот

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press