Надпросечни температури и локално обилни врнежи ќе преовладуваат викендов во Македонија

Викендов Македонија ќе биде зафатена од силен влажен бран кој пристигнува од Медитеранот, како последица на моќен циклон што се развива над Џеновски Залив. Овој атмосферски систем ќе донесе значителна нестабилност и интензивни врнежи низ земјава.

Најкритичен период се очекува во ноќните часови кон недела и во текот на недела (15 февруари) кога врнежите ќе добијат пороен карактер. На повеќе места се прогнозираат обилни количини дожд, а локално се можни над 30 литри на метар квадратен.

И покрај врнежливото време, температурите ќе останат релативно високи за овој дел од годината. Дневните максимуми ќе се движат меѓу 10 и 15 степени Целзиусови, што значи дека времето ќе биде невообичаено благо, но динамично и нестабилно.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press