Страшна сообраќајна несреќа се случи денес во Сараево кога трамвај излета од шините, при што загина едно лице. Трамвајот, кој се движел од Железничката станица кон Башчаршија, излетал од шините на раскрсницата во близина на Националниот музеј и завршил на патот, пренесува Босанскиот Кликс Вјести.
Според првите официјални информации од Кантоналната полиција на Сараево, едно лице загинало, а две се повредени.
„Во несреќа со трамвај во центарот на градот, едно лице загина. Според моменталните информации, две лица се повредени. Обвинителот е известен“, потврди портпаролката на Босанското МВР, Мерсиха Новалиќ.
Голем број полицајци и пожарникари се на местото на настанот, амбулантни возила ги однесоа повредените во болница со неколку возила.
Речиси целата трамвајска станица е срушена поради излетувањето на трамвајот од шините.
