Лидерот во домашната Суперлига, екипата на Вардар, го прегази Т. Пролет во последниот вечерашен дуел од 21. коло. Во „јане Сандански“, „црвено-црните“ славеа со 38:22 и ја запишаа 20-тата победа со која остануваат убедливо на врвот на табелата во домашниот шампионат.
Пролет иако имаше желба за докажување, тешко се справуваше со квалитетот на протицвникот. Вардар доминираше и на крајот и со помладите сили дојде до убедлива победа.
Да Силва со 8 гола беше прв стрелец за Вардар, додека кај Пролет исто толку погодоци постигна Стојановски.
