Тодоровски: Респект кон секого, но Вардар оди секогаш и на секој меч на победа!

Лидерот на табелата, Вардар, сака да продолжи во победнички стил и на денешниот градски дуел против Работнички. Натпреварот ќе се игра на стадионот на ФФМ, каде вардарци пред три дена имаа одлично издание против Арсими и славеа со 5-1.

Играчот за врска, Димитар Тодоровски, очекува нова добра претстава од својот тим и триумф, иако секогаш има посебни емоции кога игра против Работнички.

„Секако дека кога играм против мојот некогашен клуб буди некакви емоции. Во Работнички пораснав, што се вели, тој клуб има огромен удел во мојот фудбалски развој. Сепак, сега сум дел од Вардар, а тоа значи само едно. Респект кон секого, но Вардар оди секогаш и на секој меч на победа. Убаво е да се негува таа традиција на градско дерби. Работнички е во неповолна позиција на табелата во моментов, но тоа апсолутно не го менува нашиот пристап за овој дуел. Одиме максимално по трите бода, за да го продолжиме позитивниот тренд од првото пролетно коло и победата против Арсими“, изјави Димитар Тодоровски.

Натпреварот меѓу Работнички и Вардар се игра од 13 часот, на стадионот на Фудбалската федерација на Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press